„Доделувањето беше премногу предвидливо и здодевно“: Гледаноста на Оскарите најниска во историјата!

Profimedia

Без водител и без нешто впечатливо, гледаноста на телевизискиот пренос на 92-рата церемонија на доделувањето на Оскарите беше најниска во историјата – привлече само 23.6 милиони луѓе, што е за 20 отсто помалку од минатата година.

Овие податоци ги објави американскиот медиум „Еј-би-си“, повикувајќи се на резултатите на Нилсен академијата.

Иако е првпат во историјата еден странски тим со неанглиско говорно подрачје да ја освои наградата за најдобар филм, сепак тоа не ги привлече гледачите.

Фото: Принтскрин

Покрај тоа, церемонијата се одржа порано од вообичаеното, што веројатно влијаеше и на привлечноста на доделувањето.

Доделувањето беше премногу предвидливо, премногу бело и премногу здодевно – рече Том О’Нил, основач на порталот Голдерби, кој се занимава со  случувањата поврзани со Оскарите.

По вторпат во историјата доделувањето на Оскарите помина без домаќин, а критичарите оценуваат дека ова е уште еден хендикеп на овогодинешната церемонија.

И критичарот на Вашингтон пост, Хенк Ставер, рече дека шоуто било премногу предвидливо и дека го нарекол „Оскар автопилот“, бидејќи, како што вели, трииполчасовната емисија „крстарела по Холивуд на 35.000 метри“.

Во 2000-тите години гледаноста на доделувањето на Оскарите се движеше помеѓу 35 и 45 милиони гледачи и најчесто беше втората најгледана емисија годишно, а во 2015 година ја следеа 37,3 милиони гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот