Додека Германија тоне во рецесија, Франција предничи

Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Реформите преземени од претседателот Емануел Макрон на почетокот на мандатот, речиси три години подоцна резултираа со позитивен шок за француската економија, пишува „Еурактив“.

Во третиот квартал, економијата пораснала за 0,3 проценти повеќе од планираното, а клучот за успехот во тој период било зголемувањето на домашната побарувачка. Франција продолжува да привлекува се повеќе странски инвестиции, додека постојните компании инвестираат со истото темпо, затоа ја сметаат Франција за помалку подложна на нестабилноста на глобалниот пазар во однос на соседна Германија.

Добро темпираните даночни олеснувања за корпорациите, намалување на зависноста од извоз и темелната реформа на Законот за работни односи, што резултираше со рекорден раст на вработувања, беа успешен рецепт за економското закрепнување на Франција.

Во исто време, Германија полека, но сигурно тоне во рецесија, пишува „Еуроактив“.

Податоците од Заводот за статистика на Франција, Германија и ЕУ,  за оваа и минатата година, покажуваат дека Франција забележала повисок раст на Бруто домашниот производ (БДП) од Германија, а годинава дури повеќе и од остатокот од еврозоната. Експертите предвидуваат дека овој тренд ќе продолжи и во наредните две години.

Елисејската палата, посочува дека реформата на Законот за работни односи доведе до проширување на квалитетни и подобро платени работни места, а  работодавачите поверојатно ќе даваат стабилни и трајни договори на своите вработени, што драматично го подобрува квалитетот на деловното опкружување на целата земја.

Будењето на француската економија и преземањето на лидерското место во Европската унија би можело да има пошироки последици, особено ако се има предвид фактот дека Макрон многу отворено лобира за неговите интереси на сцената на ЕУ.

Поактивна индустриска политика, зголемена конкурентност наспроти Кина и САД, како и соработката меѓу земјите-членки, се само некои од барањата, на идниот лидер во Европа.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот