Додатоци во исхраната – кои комбинации да се избегнуваат, а кои се пожелни?

Profimedia
профимедиа

Додатоците во исхраната можат да ни помогнат да ги внесеме сите потребни хранливи материи ако нашата исхрана не е доволно разновидна. Но, тие не се и не треба да бидат замена за урамнотежната исхрана. Прво треба со исхраната да се обидеме да ги задоволиме сите наши потреби, а дури потоа да посегнеме по додатоците. Пред да посегнете по додатоците во исхраната, обидете се да ја подобрите вашата исхрана. Нутриционистите ни откриваат како сумплементите во исхраната можат да се комбинираат и зошто ни се потребни.

Хранливите материи се најмоќни кога доаѓаат од храната, но покрај исхраната можете да користите и суплементи.

Еве некои од најпознатите интеракции помеѓу одредени хранливи материи:

Витаминот Б12 и фолатите работат заедно за да поддржат некои од најважните процеси на клеточната делба и репликацијата. Тие исто така заедно го метаболизираат хомоцистеинот.

Фолната киселина, односно нејзиниот дополнителен внес, може да го маскираат недостатокот на витамин Б12.

Витамините растворливи во масти (А, Д, Е и К), веројатно подобро ќе се апсорбираат ако се земаат заедно со оброкот што содржи масти. Меѓутоа, доказите сугерираат дека умерени до големи дози на витамини растворливи во масти ја намалуваат апсорпцијата на другите витамини растворливи во маснотии – за околу 10 до 50 отсто – поради конкуренцијата. Се чини дека апсорпцијата на витамин К е особено намалена од другите витамини растворливи во масти, додека апсорпцијата на витамин А е најмалку погодена и тој витамин, всушност, може подобро да се апсорбира ако се користи со витаминот Е. Земањето на витамините Д, Е или К неколку часа пред или после другите витамини растворливи во масти, ја зголемува нивната апсорпција.

Кога се земаат истовремено, витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железото.

Истражувањата покажуваат дека недостатокот на железо може дополнително да ги влоши симптомите на недостатокот на јод.

Додатоците со калиум во исхраната, во форма на калиум хлорид, може да ја намалат апсорпцијата на витаминот Б12. Од друга страна, лекувањето на мегалобластна анемија со витамин Б12 може да резултира со хипокалемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот