Добро е да се знае, како да направите домашна презла

profimedia

Презлата е состојка која е многу користена во подготовката на јадењата од ова поднебје. Таа помага во подобрувањето на текстурата на јадењата кои се направени од тесто, а исто така помага и во подобрувањето на вкусот на сирењата, месото и зеленчукот.

Доколку сте од оние што сакаат да јадат ваков вид храна, најдобро е секогаш кога ќе ви биде потребна, да се обидете да си ја подготвите во домашни услови.

Покрај тоа што ќе добиете квалитет, исто така ќе го искористите и стариот бајат леб.

Доколку сакате самите во домашни услови да подготвите презла, треба да имате еден бајат леб, кој ќе го ставите во блендер. За да добиете поубава структура на презлата, пред да почнете да го блендирате лебот, искршете го на помали парчиња. Така добиената презла ќе биде поситна.

Што можете да направите со презла

– на тепсијата во која планирате да печете нешто, наместо брашно, посипете презла,

– на дното на тепсијата, ставете сол, презла, маслиново масло, црн бибер, зачински билки… оваа мешавина потпечете ја неколку минути и можете да ја истурите како еден вид прелив врз омилената салата, тестенини, чорби и слично,

– кога ја похувате храната, задолжително ставете презла,

– во подготовката на смесата за ќофтиња или за плескавици, задолжително ставете презла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот