Добра вест за фановите на Бетмен: Роберт Патинсон го победи ковид-19 за само 12 дена

Варнер Брос вчера откри дека ја продолжиле работата на најновиот филм за „Бетмен“

Актерот Роберт Патинсон се чини дека се опорави доста брзо од коронавирусот. Папараците го фатија“ во средата, 16 септември, во еден лондонски парк во друштво на неговата девојка, модел и актерка Суки Вотерхаус, со која заедно беа ставени во карантин.

Роберт и Суки се во врска повеќе од две години и ретко се појавуваа заедно во јавност. Но веројатно по карантинот повеќе не им е грижа дали се фотографирани од папараците додека раменуваат нежности во јавност, пишува Ел.

На почетокот на врската, парот реши да не зборува за својата љубов во јавноста. Во интервју за „Сандеј тајмс“ во април 2019 година, Патинсон објасни зошто го чува својот љубовен живот во тајност.

Profimedia

Ако ги пуштите луѓето да навлезат во вашата врска, тоа ја девалвира самата љубов. Ако некој странец на улица ве праша за вашиот љубовен живот, ќе помислите дека е многу груб. Најдобро е да се оградите со молчење затоа што е најдобрата опција “, рече тој тогаш.

Роберт беше „фатен“ надвор само по 12 дена откако беше пријавено дека е позитивен на коронавирусот.

Profimedia

„Бетменот“ продолжува да се снима

Поради болеста на главниот актер, снимањето на новиот Бетмен беше запрено.
Варнер Брос вчера откри за „Холивуд Репортер“ дека повторно започнале да работат на филмот.

Нема шанса да го препознаете Патисон во костумот на Бетмен! Славниот убавец воопшто не личи на себе во новиот филм.

„По паузата поради карантинот за да се запре ширењето на ковид-19, снимањето на филмот Бетмен сега продолжи со снимање во Велика Британија“, изјави нивниот потпарол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот