Добар пријател на Трамп почина од коронавирусот: Беше со мене од почетокот (ВИДЕО)

Фото: EPA / Molly Riley

Стенли Чера, познатиот инвеститор за продажба на недвижнини во Њујорк и републикански донатор, умре од компликации поврзани со Ковид-19, потврди во неделата извор близок до Чери.

Тој беше во доцните 70-ти години, а веста прво ја објави новинарот Јашар Али. Кариерата на Чера во областа на недвижнини почнала кога тој започнал со купување на малопродажни згради во кои се наоѓал ланец на детски продавници. Компанијата на крајот се повлекла од малопродажни објекти за да се фокусира на недвижнини.

Чера исто така бил пријател со претседателот Доналд Трамп. Од 2016 до 2019 година, тој донирал вкупно 402.800 долари на Трамп за организација посветена на поддршка на неговото претседателство, според податоцие на Федералната изборна комисија.

Чера минатиот ноември го претстави Трамп на парадата за време на Денот на ветераните на градот Њујорк, нарекувајќи го претседателот „драг пријател“. Трамп го повика Чера на митингот во 2019 во Мичиген опишувајќи го како „еден од најголемите развивачи и луѓе кои се занимаваат со недвижнини во светот“.

– Тој беше со мене од почетокот, рече Трамп за Чера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот