„Доаѓа одговорот“ – Алијанса за Албанците открија делче од мистериозната кампања

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата на Албанците и градоначалник на Гостивар, вечерва на својот ФБ профил откри дел од мистериозната кампања на својата партија која ја започнаа пред некој ден.

-На 1 јули, во 20:00 часот, во рекреативно-спортскиот  центар во Гостивар, со извонреден концерт доаѓа Одговорот!, напиша Таравари, откривајќи дека партијата организира концерт за своите сограѓани од овој град и приликата ќе биде искористена за презентација на новата партиска програма со која Алијанса на Албанците ќе настапи на есенските локални избори.

– Политичката програма се подготвува заедно со граѓаните. Откако ќе биде готова, тоа ќе биде објавено и за пошироката јавност. Што се однесува до кандидатите за градоначалници, ние сме во процес на предлози и анализи, во догледно време, тие ќе бидат познати и за пошироката јавност – изјави за „Слободен печат“, изјави вчера за „Слободен печат“ потпретседателот на АА, Ремзи Мехмеди.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот