Мистериозна кампања на Алијанса за Албанците: „Кого ќе изберете?“
Функционери и членови на Алијансата за Албанците (АА) започнаа мистериозна кампања на социјалните мрежи со слоганот: „Кого ќе изберете?“. Дали ова е најава за нова изборна програма за локалните октомвриски избори или, пак, станува збор за маркетиншки трик?
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Потпретседателот на АА, Ремзи Мехмеди за „Слободен печат“ вели дека во моментов ова прашање упатено до граѓаните е само едно од изненадувањата на опозицијата за локалните избори во октомври.
– Во моментот, во стратегијата на самата кампањата информациите се само за ова прашање. Кампањата ќе продолжи со многу други изненадувања – рече Мехмеди.
„Слободен печат“ од добро информирани извори во албанскиот опозициски политички табор дознава дека АА и Алтернатива до изготвувањето и презентирањето на новата изборна програма, која ќе биде објавена со официјалната промоција на кандидатите за градоначалници, ќе продолжат со мистериозната кампања на социјалните мрежи.
– Политичката програма се подготвува заедно со граѓаните. Откако ќе биде готова, тоа ќе биде објавено и за пошироката јавност. Што се однесува до кандидатите за градоначалници, ние сме во процес на предлози и анализи, во догледно време, тие ќе бидат познати и за пошироката јавност – изјави за „Слободен печат“, потпретседателот на АА, Ремзи Мехмеди.


