До кога да се толерираат кавгите во бракот?

Дали во бракот мажот и жената почнуваат да разговараат на сосема различен јазик и не ги гледаат потребите на својот партнер? Дали кавгите во бракот се добра или лоша работа? Од претераното префрлање, незадоволството и нерешените кавги секако дека конфликтите меѓу партнерите се продлабочуваат. Без оглед дали станува збор за ситници или за крупни расправии, генерално сме свесни дека кавгите во врската можат да нè одвојат од првобитната идеја за љубов, заедништво и идеален брак.

Зошто е тоа така? Вистина е дека сите сме различни и имаме различни потреби. Ако вашиот партнер не ги препознава вашите потреби, доаѓа до конфликт. Меѓутоа, дали секоја кавга може да доведе до крах на емотивната врска или работите по караницата можат да се поправат? И во двата случаи одговорот е позитивен.

Прочитајте и...  За успешна љубовна приказна ова е идеалната разлика во годините

Во афект не можеме баш трезвено да размислуваме, меѓутоа како што се смируваат страстите, одредена кавга во врската би можела да ни претставува патоказ како треба да се однесуваме кон партнерот. Без добра комуникација и компромис не би издржале ниту еден ден со некоја личност. Меѓутоа, што се случува кога компромисот не е добро решение, а комуникацијата не се подобрува поради честите кавги во бракот? Притоа одредени лица се исклучително затворени во однос на своите чувства и избегнуваат комуникација со партнерот.

Златно правило е дека не можеме постојано да се лутиме и да се караме околу исти работи. Ако партнерот секогаш ги прави истите работи што ве донесуваат до лудило и евидентно нема причина да ги смени, дали секогаш ќе започнувате кавга? Ако почнете да размислувате на тој начин, тогаш сте на вистинскиот пат да ја промените својата улога што сте си ја препишале себеси во брачниот однос. Кога вие ќе почнете да го менувате односот кон партнерот, можете да ги намалите конфликтите и да ги донесете на разумен минимум.

Прочитајте и...  Кејти Пери и Орландо Блум повторно докажаа дека имаат интересна смисла за мода (ФОТО)

Од друга страна, ако вашиот брачен живот станал исклучиво тежок и доколку покрај бројните кавги во врската не гледате излез од лошиот однос, тогаш треба да размислите дали вреди таквиот однос. Не треба по секоја цена да трпите постојани расправии ако сметате дека односот не може да биде подобар. Ако со разговор, промена на однесувањето или отстапките не успеете да ги избегнете кавгите, тогаш е време да ги преиспитате вредностите на тој брак.

Прочитај повеќе

Жизел Бундхен ја покажа најслатката и најверна партнерка за јога! (ФОТО)

Слободен Печат

Познатата турска актерка која ја гледавме во улогата на Шехерезад покажа како изгледа нејзиното тело само 4 месеци после породувањето! (ФОТО)

Слободен Печат

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, започнува самостоен живот подалеку од целата семејна драма!

Слободен Печат

За успешна љубовна приказна ова е идеалната разлика во годините

Слободен печат

Кајли Џенер и Криси Тиген со провокативни видеа на Инстаграм ги оставија своите фанови без зборови! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Дали ова е најзгодниот светски пар? Никол и Том ги покажаа своите обликувани тела на плажа (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ужива во бременоста и повеќе не се крие од јавноста: Ќерката на Арнолд Шварценегер го прошета трудничкиот стомак! (ФОТО)

Слободен Печат

Филмскиот фестивал во Венеција се уште во план: Помалку филмови, со почитување на физичката дистанца

Слободен печат

Водителот Стефан Лазаров започна Јутјуб кариера: Ви ветувам многу „луди“ видеа!

Слободен Печат

Шерон Стоун на 63 години изгледа совршено, а вака изгледала како тинејџерка – Не би ја препознале… (ФОТО)

Слободен печат

Меган загрижена и бесна: Принцот Хари скрушум излегува ноќе и пие со Адел

Слободен печат

Облечете се женствено како Џеки Кенеди: Ваквиот стил никогаш не излегува од мода! (ФОТО)

Слободен печат