До кое дереџе нè доведе негрижата за природните убавини и кому му следува образовен и личен асистент. Утре во „Слободен печат“

Фото: Слободен печат

Не ми е јасно како некој може олку да не се грижи за своите убавини, треба многу да се работи на почиста околина, Македонија е преубава земја. Вака во интервју за „Слободен печат“ вели Грегор Прескер, амбасадор на Република Словенија во Северна Македонија.

Тој се надева дека наскоро ќе го направиме како држава вистинскиот чекор за евроинтегративниот пат, а Словенија ќе продолжи да нè поддржува во предизвиците за влез во ЕУ.

Кому му следува образовен, а кој е за личен асистент? Кој ги плаќа личните асистенти? Кога е вистинското време одредено дете да добие личен асистент? Дали следува и во основно и во средно образование? Меѓутоа, и која е потребата од психолошка поддршка на тие деца? Во емисијата „Слободен печат“ разговараме со Никола Дукоски, гелштат психолог од „Себеслужувалка“.

Со Зоран Спасов Ѕоф, автор на најчитаните книги во Македонија, зборувавме за актуелниот роман „И јас сум Сирма“.

И за крај анкета – Зошто го славиме 13 Ноември?

Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден, во 9 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот