ДКСК: Оставката на Рашковски не влијае на работата по предметите

Оставката на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија не влијае на работата по предметите поврзани со него и постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите, информираат од Државната комисија за спречување на корупцијата – ДКСК.

-Во врска со поставеното прашање од повеќе медиуми, дали ДКСК ќе продолжи со постапување по предметите поврзани со Драги Рашковски, ДКСК информира дека оставката на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија не влијае на работата по споменатите предмети. Постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите на ДКСК, се вели во соопштението од ДКСК.

Драги Рашковски во објава на Фејсбук изутринава напиша дека се повлекува од функција секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и во објавата го сподели писмото што го упатил до премиерот Зоран Заев каде ги објаснува причините за, како што наведува, неотповикливото повлекување од функцијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот