Дјук: Трамп размислуваше за продажба на Порторико по ураганот Марија

По катастрофалниот ураган Марија во Порторико, американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледа идејата за продажба на овој остров во 2017 година, изјави за „Њујорк Тајмс” Елејн Дјук, поранешен заменик началник за национална безбедност, јави Си-Ен-Ен.

– Неговите идеи се посоодветни за бизнисмен отколку за претседател, рече Дјук.

Таа додаде дека продажбата на Порторико никогаш не била сериозно разгледувана откако Трамп тоа го предложи.

Речиси три илјади луѓе го загубија животот како резултат на невремето.

Трамп претходно ја обвини локалната власт на Порторико за ненаменско трошење пари обезбедени од неговата администрација, а во ноември 2018 година Белата куќа го извести Конгресот дека претседателот не сака да испрати дополнителни средства за санација на штетата.

По невремето, Трамп негираше какви било грешки направени од неговата администрација и ја пофали за реагирањето по ураганот Марија, оценувајќи дека тоа е „неверојатен и неоспорен успех”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот