Диви копачи од Прилеп со украден багер копале на археолошки локалитет, добија кривични пријави

Фото: илустрација

Шестмина диви копачи од Прилеп и еден од Кавадарци, биле фатени како копаат со украден багер на археолошко наоѓалиште кај селото Горно Село, соопшти полицијата.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Х.К.(38), С.М.(39), И.П.(48), Д.П.(34), Ц.М.(33), Д.Т.(41), сите од Прилеп и Т.Д.(46) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”“, велат од полицијата.

„На 27.04.2022, пријавените со багер, кој претходно бил пријавен за украден, отишле на археолошкото наоѓалиште во атар на село Горно Село, на место викано „Големи камења”, каде што дел од нив вршеле ископ, а дел од групата чувале стража“, се вели во полицискиот билтен.

Доколку бидат осудени за делото за кое се гонат, на дивите копачи им се заканува казна затвор од шест месеци до пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот