Див копач од Прилеп сакал преку Фејсбук да продава амфора

Археологија/ Фото: МИА

31-годишен прилепчанец доби кривична пријава откако се обидел преку Фејсбук да продаде амфора која нелегално ја откопал од археолошки локалитет, соопшти полицијата.

„ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.М.(31) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”. На 06.08.2020 на социјалната мрежа „Фејсбук”, М.М објавил оглас за продажба на амфора со висина од 1 метар и ширина 80 сантиметри за сума од 20.000 денари. На 02.11.2020, при извршен претрес, полициски службеници ја пронашле и одзеле“, велат од полицијата.

Според МВР, пријавениот амфората ја ископал од археолошко наоѓалиште и ја присвоил со намера да ја продаде и да се стекне со противправна имотна корист, знаејќи дека се работи за културно-историско наследство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот