Директорот на АВРМ-Струмица тврди дека Бонева законски цела година земала пари за невработено лице

Износот зависел од нејзиниот работен стаж, но не смеел да биде повисок од осумдесет проценти од просечната македонска плата.

Поранешната членка на Државната изборна комисија, Силвана Бонева, законски го земала надоместокот за невработено лице, откако и истекла апанажата, изјави за ,,Слободен печат” раководителот на Центарот за вработување Струмица Ристе Ангелов.

Според него, таа самата се пријавила во Агенцијата за вработување како невработено лице и ваков надоместок за невработено лице, земала 12 месеци. Износот зависел од нејзиниот работен стаж, но не смеел да биде повисок од осумдесет проценти од просечната македонска плата.

Претходно, како што тврди Ангелов, Бонева земала апанажа, исто така законски, но кога завршило тоа право, побарала надомест по основ невработено лице. На секое лице на кое ќе му заврши мандатот, ќе ја искористи апанажата и нема каде да се врати повторно на работа му следува ваков надоместок, според Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Таа се пријавила како невработено лице и поднела барање за паричен надомест по основ на невработеност.

Раководителот додава дека Бонева не била единствената која користела ваков надомест, туку тоа го правеле и многу други поранешни пратеници на пример. И не е само таа, туку и многу други, поранешни пратеници го користат ова право.

– Значи, по искористување на правото на апанажа не се враќаат на работното место, се изјаснуваат дека не сакаат да се вратат на работното место и сакаат да користат ваков надомест – ни рече Ангелов.

,,Слободен печат” стапи во контакт со поранешната членка на ДИК, Силвана Бонева, во врска со оваа тема, но таа рече дека не е во можност да даде коментар.

Раководителот на Центарот за вработување Ангелов пак, додаде дека во моментов, Бонева не прима надомест за невработено лице, зашто тоа го правела целата мината година, што е максимумот од законскиот рок во кој се дозволува користење ваков надоместок. Тоа не се бенефиции, туку надоместок.

– Секое лице, на пример пратеник, кога ќе му истече мандатот, а нема каде да се врати на работа, има право да си поднесе барање за паричен надоместок. Ние не ги делиме лицата дали се тие, тие или тие, туку си го следиме членот 65 од законот, додаде Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот