„Дипломатско обединување“ на Косово и Албанија – Слободен печат
ВестиРегион

„Дипломатско обединување“ на Косово и Албанија

На прес конференцијата Цакај објасни дека договорот се состои од четири главни столбови: Политички, дипломатски, професионален и културен.

Албанија и Косово, потпишаа меѓуминистерски договор за обединување на дипломатските и конзуларните преставништва и за стратешка соработка во полето на надворешната политика, пренесува Телеграфи.

Дооворот го потпишаа министрите за надворешни работи на Албанија и Косово, Гент Цакај и Бехџет Пасоли.

На прес конференцијата Цакај објасни дека договорот се состои од четири главни столбови: Политички, дипломатски, професионален и културен.

– Посебно Република Албанија отсега па натаму не презема само декларативна афирмација туку и директна застапеност, конкретна заштита и безусловна афирмација на официјалните ставови на Република Косово во сите меѓународни инстанци каде што претставувањето на Косово од објективни причини е невозможно – рече меѓу другото Цакај.

Идеаторот на оваа иницијатива, Пацоли изјави дека работењето на двете земји како едно тело ќе донесе повеќе резултати.

– Ако сме способни да работиме еден со друг ќе бидеме способни да работиме и со дугите – изјавил меѓу другото Пацоли.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close