Димитров од Центар: 100 милиони евра субвенции за филтри на индустриски капацитети

Предвидено е, нагласи тој, во секоја општина да има комунална служба којашто ќе работи 24 часа. Дронско набљудување на диви депонии, палење на отпад и сл.

На трибината во општина Центар, синоќа граѓаните имаа можност да разговараат со претседателот на СДСМ Зоран Заев, ко-носителката Мила Царовска, кандидатот за пратеник Горан Мисовски и носителот на листата во Изборната единица 1 Никола Димитров.

Димитров презентираше дел од конкретните мерки од програмата на коалицијата „Можеме”, а се однесуваат токму на решавање на долгогодишниот проблем со квалитетот на воздухот како што се многу поригорозна контрола на индустријата и во однос на казни кои треба да се зголемат трикратно и во однос на организација, систем и број на еко-инспектори. Предвидено е, нагласи тој, во секоја општина да има комунална служба којашто ќе работи 24 часа. Дронско набљудување на диви депонии, палење на отпад и сл.

– Шеесет илјади домаќинства ќе добијат бесплатни еко-инвертори за да се замени греењето на дрва, додека пак 100 000 000 евра се предвидени како субвенции за бизнис секторот во однос на нивните филтри, но субвенции ќе има и за домаќинствата, рече Димитров, уште еднаш потсетувајќи дека токму оваа област ќе биде многу важно прашање за пристапните преговори со ЕУ каде ќе има конкретни рокови, но и финансиска поддршка за овие проекти предвидени во програмата на „Можеме”.

Димитров од граѓанската трибина упати порака дека бројот 3 е бројот што ја носи нашата држава напред на овие избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот