Димитров: Најмалку што ЕУ му должи на регионот е да биде директна со нас

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на својот Твитер профил напиша дека Европската унија му должи на регионот да биде директна, по најновите информации по последните информации околу добивањето датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

 

„Најмалку што ЕУ му должи на регионот е да биде директна со нас. Доколку повеќе нема консензус за европската иднина на Западен Балкан, доколку ветувањето до самиот во Солун во 2003 година не важи, граѓаните заслужуваат да го знаат тоа.

Благодарност до сите лидери кои жестоко се бореа ЕУ да отвори преговори за пристапување со нас, укажувајќи на историскиот Договор од Преспа, охрабрувајќи ги домашните реформи, поддржувајќи го европскиот наратив во Северна Македонија, земја кандидат веќе 14 години. Додека чекаме обнова на тој консензус, ние мора да продолжиме да ги браниме вистинските европски вредности дома“, напиша Димитров.

Фото: Твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот