Димитров – Јан Хекер во Берлин: Реафирмација на германските напори за заокружување на Преговарачката рамка

Фото: mia.mk
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, во рамки на агендата од првиот ден во Берлин, оствари средба со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел на која беа реафирмирани напорите на Германија за заокружување на Преговарачката рамка.
– Одржувањето на првата Меѓувладина конференција за време на германското претседателство ќе биде влог во кредибилитетот на Унијата во регионот и огромен поттик за Северна Македонија да ја мине клучната етапа од патот кон членство во Европската Унија, истакнал Димитров, соопшти СЕП.​
Во тој контекст, се наведува во соопштението, била посочена и важноста на Берлинскиот процес, инициран од Германија, за кој соговорниците се согласија дека значително придонесува за унапредување на регионалната соработка, преку проектите за меѓусебно поврзување и инфраструктура, дигиталната агенда (роаминг) и промовирање на соработката меѓу младите.
Вицепремиерот Димитров, се додава, се сретна и со Хелге Токсдорф, ко-претседавач на Мешовитиот економско-управувачки комитет меѓу Северна Македонија и Германија со кого разговараа за можностите за зголемување на соработката, со оглед на значајните германски инвестиции на македонскиот пазар.
Во однос на европската перспектива и тековните случувања за финализирање на рамката, Димитров размени мислења и со Валеска Еш, заменик извршен директор и програмски директор за Европа на Аспен Институтот, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот