Димитров и Дендиас имале телефонски разговор за пандемијата и вакцините

Справувањето со последиците од пандемијата и прашањата поврзани со вакцината, биле во фокусот на телефонскиот разговор меѓу заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија преку „Твитер” од грчкото МНР, но и како што напиша самиот Дендиас, телефонскиот разговор бил по иницијатива на Димитров.

-Телефонски разговарав со ЗПВ на Северна Македонија Никола Димитров по иницијатива на Северна Македонија. Фокусот беше на справувањето со последиците од ковид-19 и прашањата поврзани со вакцинацијата, напиша Дендиас на неговиот официјален „Твитер” профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот