Димитриевски: Поради подршката од граѓаните очекувам кандидатура од СДСМ

Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово. / Фото: Архива на Слободен печат

СДСМ сѐ уште не потврдиле кого ќе кандидираат за градоначалник на Куманово.

За Куманово освен актуелниот градоначалник Максим Димитриевски кој бара кандидатура од централата на СДСМ за втор мандат, во трка е и актуелниот секретар на општинската организација на СДСМ во Куманово, Оливер Илиевски, за кој по партиски кругови се зборува дека ја има подршката и од својот имењак, министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

Илиевски на социјалните мрежи на големо ја промовира својата изборна кампања, а од друга страна се води негативна кампања за актуелниот градоначалник Димитриевски, како просрпски и проруски ориентиран, со тенденција да се прикаже дека е непожелен за гласачите Албанци во Куманово.

Максим Димитриевски во изјава за „Слободен печат“ вели дека подрѓката што го има од граѓаните на Куманово е мотив повеќе за него да очекува канидатура за следните локални избори.

– Подршката од граѓаните е мотив повеќе за мене да очекувам кандидатура, како и да е, на крајот изборот го прават граѓаните. Сметам дека започнуваме да го менуваме ликот на Куманово, и заедно со мојот тим планираме тоа да го продолжам и во вториот мандат, и градот да го трансформираме во еден модерен и урбан центар по европски терк – изјави Димитриевски за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот