Димитриевски: Mора да имаме независен Претседател на држава којшто нема да зависи од политичките партии

Максим Димитриевски/Фото: Слободен печат

„Главната суштина на проблемот со институцијата Претседател на држава кај нас е тоа што вие мора да имате независен Претседател на држава којшто не зависи од политичките партии за да знае и да може да каже не, да изгради сопствен авторитет и интегритет врз база на поддршката којашто ќе ја добие од сите граѓани и ќе го штити граѓанинот пред законите и пред уставот во делот на неговиот интерес, кога доаѓаат сите тие законски решенија, изјави претседателскиот кандидат на ЗНАМ Максим Димитриевски

„Дополнително, достоинствено ќе ја претставува државата вон границите и министерот за надворешни работи треба да биде неговиот прв соработник којшто треба да учи од Претседателот, а не да му диктира и диригира. Врховен командант за пример кој кога ќе чекори на црвениот тепих пред своите војници и офицери ќе ги гледа како достоинтвено стојат, опремени, нахранети, во солидни услови и решени животни проблеми, мотивирани и дополнително, значи тој треба да биде единствениот коректор како институција во суштинските реформи на судската власт и правосудството, бидејќи има директни ингеренции и во судскиот совет и во уставниот суд.Доколку сакаме правна држава, а тоа е основниот елемент, тоа го учевме по теорија на држава и право, што е постаро државата или правото? Немате држава без право, без правен систем.Ние правен систем имаме на хартија, но за жал нефункционален, максимално корумпиран и оттука главната корупција и политиките на неказнивост. Сето тоа како иден претседател на Македонија имам намера да го корегирам, рече Максим Димитриевски, претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и негов кандидат за претседател на државата на претстојните избори во дебатната емисија „Стадион“ на Канал 77 со кандидатот за претседател Арбен Таравари на опозициската коалиција на албанските партии „Вреди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот