Дилерот на Мек Милер осуден на речиси 11 години затвор

мек милер
Мек Милер / Фото: Притнскрин/Инстаграм

Еден од тројцата дилери на дрога обвинети за предозирањето со фентанил на раперот Мек Милер, беше осуден на речиси 11 години затвор, пренесуваат странските медиуми.

Рајан Мајкл Ривис се појави пред федералниот суд во Лос Анџелес и рече дека тој е „средниот“ човек и дека не знаел дека таблетите оксикодон што му ги давал на колега-дилер пред да стигнат до раперот во септември 2018 година содржале фентанил.

Конечната казна од 10 години и 11 месеци беше малку повеќе од она што го прогнозираа адвокатите, но помалку од 12 и пол години што ги бараа обвинителите. Судијата Отис Д. Рајт ја изрече казната откако обвинителите ja прочитаа потресната изјава од мајката на Милер, Карен Мејерс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mac (@macmiller)

„Ми се зацрни животот во моментот кога Малком го напушти својот свет. Малком беше мојата личност, ми беше повеќе од син. Имавме специјална врска која беше длабока, посебна и незаменлива. Речиси секој ден зборувавме за сè – неговиот живот, планови, музика, соништа“, се вели во соопштението.

Мејерс истакнала дека смеата на нејзиниот син, роден како Малколм Џејмс Мекормик, била „заразна и светла“. Таа ја нарече нивната меѓусебна љубов „неспоредлива“ и истакна дека музиката и гласот на нејзиниот син „допирала до многу луѓе ширум светот“.

„Тој никогаш свесно не би земал таблети со фентанил, никогаш. Тој сакаше да живее и беше возбуден за иднината. Дупката во моето срце секогаш ќе остане“, рече таа.

Пред да биде осуден, 39-годишниот Ривис пред судот изјави дека не знаел дека дадените таблети ја предизвикале смртта на музичарот се додека не бил уапсен во Аризона во септември 2019 година.

„Ова не е само обичен случај поврзан со дрога. Некој починал, а семејството никогаш нема да си го врати синот. Моето семејство ќе беше уништено да починав јас. Никогаш нема да бидат во ред, никогаш навистина не би го преболеле. Цело време мислам на тоа. И знам дека што и да се случи денес, јас сум среќникот затоа што моето семејство е тука, јас сум тука и повторно ќе бидам со нив. Се чувствувам ужасно. Ова не сум јас“, изјави Ривис пред судот. „Мојата перспектива се промени. Моето срце се промени“.

Според обвинителите, Ревис поседувал три пиштоли кога бил уапсен, како и кутии со муниција, „дигитални ваги покриени со остатоци од хероин и метамфетамин“, празни листови за рецепти и вреќички.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mac (@macmiller)

Асистентот адвокат Елија Херера, исто така пред суот истакна дека смс-пораката што Реавис ја испратила на соработник во јуни 2019 година е доказ дека тој сè уште продавал таблети речиси една година по смртта на Милер, јасно знаејќи дека фентанилот може да биде смртоносен. Имено, Ривис бил вознемирен што бил поврзан со потенцијален клиент на дрога, кој се претставувал како некој по име Џени додека се обидувал да купи од него осум таблети оксикодон познати како„блуз“.

„Обвинетиот знаел дека луѓе умираат од лажни блуз таблети. Знаел дека луѓето ги ставаат во доживотен затвор кои се занимаваат со производство на истите. Обвинетиот не бил загрижен дека луѓето умираат. Се грижел само да не го фатат“, истакна Херера.

Покрај затворската казна, Ревис е осуден и на три години надзор и тестирање на дрога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mac (@macmiller)

Да потсетиме, раперот Мек Милер имаше само 26 години кога почина во својот дом во Лос Анџелес на 7 септември, 2018 година, од смртоносен коктел од фентанил, кокаин и алкохол. Раперот кој отворено зборуваше за неговата борба со зависноста, последен пат го видела неговата помошничка околу 22:30 часот на 6 септември, 2018 година. Следното утро, асистентката го пронашла мртов.

Во случајот обвинети се и двајца други мажи.

Стивен Ендрју Волтер призна вина и доби 17-годишна затворска казна во октомври минатата година, признавајќи дека му ги дал таблетите со фентанил на Рајан Мајкл Ривис. А случајот против другиот обвинет Камерон Џејмс Петит од Западен Холивуд сè уште е „во тек“, велат обвинителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот