„Дијамантот“ блеска во Наполи: Уште повисоки оценки за Елмас!

фото: инстаграм

Наполи на Елиф Елмас освои нови три важни бода во Серија А против екипата на Џенова на Горан Пандев.

Клубот од „Сан Паоло“ моментно се наоѓа на шестото место со 51 бод и води борба за петтата позиција која води во групите на Лига Европа, а таму моментно е Рома која исто така има 51 бод.

Македонскиот репрезентативец Елмас беше стартер и настапи до 82 минута кога беше заменет од Зиелински.

Италијанските медиуми со уште повисоки оценки за перформансите на нашиот фудбалски „дијамант“ на дуелот со Џенова.

-ТутоМеркатоВеб: 6,5
-Ла Гаѕета дело Спорт: 6,5
-Кориере дело Спорт:7
-Кориере дела Сера: 6,5
-Ил Матино: 6,5

Во следното коло „наполитанците“ на 12 јули ќе го пречекаат составот на Милан.

Ангеловски: Очекувам многу од Елмас, може да биде лидер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот