Елмас подобар од капитенот Пандев

твитер

Македонската пресметка во Серија А му припадна на Елиф Елмас кој со неговиот Наполи со 2:1 славеа на гостувањето кај капитенот на „рисовите“ Горан Пандев и неговата Џенова.

Елмас дури и ја затресе мрежата на домаќините, но по прегледувањето на снимката ВАР одлучи дека нема гол поради играње со рака на грчкиот репрезентативец Констанинос Манолас.

Сепак Наполи првото полувреме поведе со голот на Дрис Мертенс во судиското продолжение. Џенова на стартот од вториот дел израмни, но трите бода за Наполи ги донесе Ирвинг Лозано во 66.минута.

Елиф Елмас беше стартер и играше до 82.минута кога беше заменет од Пјотр Зијелински, додека Горан Пандев влезе во игра во тимот на Џенова во 71.минута на местото на Антонио Санабрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот