Ангеловски: Очекувам многу од Елмас, може да биде лидер

Фото: facebook.com/igor.angelovski

Селекторот на македонската А репрезентација ги следи внимателно настапите на најдобрите наши фудбалери кои настапуваат во странство.

Помеѓу нив и талентираниот Елиф Елмас кој ги брани боите на италијанскиот Наполи, а Игор Ангеловски му честиташе за неговата прва титула во оваа сезона:

Наполи продолжи да игра многу добро и после паузата поради пандемијата со Ковид-19. Успеа да го освои Купот на Италија, а тоа е многу важно за клубот. Се слушнав со Елиф после победата во куп финалето, можеше да биде човек на натпреварот доколку ја реализираше шансата во 90 минута против Јувентус. Играта на Елмас расте, овој прв трофеј во неговата кариера е многу важен за него. Формацијата 4-3-3 е дефанзивна, но како трет играч во средниот ред се снаоѓа добро – рече Ангеловски за „Кис Кис Наполи“.

Стратегот на „црвено-жолтите“ очекува многу нашиот фудбалски „Дијамант“:

Среќен сум што Елмас е во одличен клуб како Наполи. Се надевам дека уште повеќе ќе се развива во националната репрезентација. Го велам ова, бидејќи очекувам многу од него, може да биде лидер и ги повтори делата на Пандев – додаде Ангеловски.

Македонија и Косово ќе играат на 8 октомври, финалето кое носи виза за ЕП на 12 ноември

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот