Диди го помина Денот на благодарноста зад решетки: Еве како го прослави празникот
Шон Диди Комбс го помина Денот на благодарноста во затворот Форт Дикс, каде уживаше во различни забавни активности и во свечена празнична вечера заедно со другите затвореници, пишува „Пејџ сикс“.
Препорачано
Музичкиот магнат го прослави Денот на благодарноста во затворот Форт Дикс во Њу Џерси, уживајќи во концерт и во играње карти со останатите затвореници. Според извор за „Пејџ сикс“, затворениците учествуваа во спортски турнири, рекреативни активности и други забавни настани, а имаа можност и да ги пречекаат своите најблиски на посети.
За сите бил подготвен специјален оброк: печени мисирки или вегетаријанска опција од соја, зеленчук во фил, печени слатки компири, пире од компири, пченка, сос од пилешко, интегрален леб и овошје или празничен десерт. Доколку останеле гладни, затворениците можеле да уживаат и во сендвичи, сирење, путер од кикиритки, чипс и овошје.
Иако датумот на ослободување на Диди од затворот е поместен од 8 мај 2028 на 4 јуни 2028, причината за продолжувањето не е јасна. Според извештаи, имал проблеми со управата на затворот, наводно поради консумирање „домашен алкохол“ и учество во забранет троен телефонски повик.
Неговиот портпарол ги негираше овие тврдења, нагласувајќи дека Диди „работи на себе и се прилагодува на новата средина“, и дека многу приказни за него се претерани или неточни.
Диди е во затворот од септември 2024 година, откако беше осуден на четири години и два месеци поради организирање транспорт за проституција. Во октомври беше префрлен во Форт Дикс и од тогаш се забележани негови фотографии додека се шета во затворскиот двор.


