Дибиров: Не очекува машки натпревар со ПИК Сегед, одиме на победа

Тимур Дибиров е најдобар стрелец на Вардар во Лигата на шампионите/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Тимур Дибиров е свесен дека следниот предизвик на Вардар во Лигата на шампионите е тежок, тоа е унгарскиот ПИК Сегед кој за разлика од „црвено-црните“ се наоѓа во одлична форма.

ПИК Сегед изминатиот викенд одигра нерешено со Веспрем во домашниот шампионат, но за вардарци победата е императив бидејќи се наоѓаат во серија од три порази во ЛШ.

– Што се однесува до Сегед мислам дека ќе биде тежок натпревар, но ние сакаме да дојдеме до победата. Знаеме дека ни недостигаат бодови. Очекувам машки и многу сериозен натпревар. Ќе биде тешко, тоа е сигурно, но не сакаме предвреме да се предадеме и одиме таму да победиме – вели Дибиров кој на последните три натпревари во ЛШ постигна дури 25 гола, по девет им даде на Кил и Алборг, а седум на Монпелје.

Натпреварот ПИК Сегед – Вардар ќе се игра в четврток со почеток од 18:45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот