Џорџ Клуни и колегите ќе отвараат филмско училиште со цел да го „размрдаат“ Холивуд

instagram

Џорџ Клуни, Дон Чидл, Кери Вашингтон, Минди Калинг, Ева Лонгорија и други актери, заедно ќе основаат филмско училиште за недоволно опфатените заедници, почнувајќи од есента 2022 година.

„The Roybal School of Film and Television Production“ ќе им овозможи на студентите академско образование, практична обука и пристап до познати раскажувачи и други индустриски професионалци и експерти од Холивуд. Училиштето исто така ќе понуди иницијатива за пракса, пренесува „Variety“.

„Нашата цел е подобро да ја прикажеме различноста на нашата земја. Тоа значи да се започне рано. Тоа значи создавање на средношколски програми кои ги учат младите за камера и монтажирање, визуелни ефекти, звук и сите можности за кариера што ги нуди оваа индустрија“, рече Клуни во изјавата.

epa efe
Фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Во одборот ќе бидат Клуни, Вашингтон, Чидл, Минди Калинг, Ева Лонгорија и тројца продуценти, а тие исто така ќе покриваат 20 проценти од првичниот буџет од 7 милиони долари.

Холивуд се обидува да вклучи повеќе припадници на малцинствата во своите редови од скандалот „#OscarSoWhite“ во 2016 година. Таа иницијатива доби дополнителен интензитет минатата година, откако движењето „Black Lives Matter“ предизвика поширока дебата за расизмот во институциите на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот