Џонсон: Ќе бидеме подготвени за напуштање на ЕУ

Фото: EPA

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги повика Германија и Франција да направат компромис за брегзит, нагласувајќи дека неговата земја ако има потреба, ќе биде целосно подготвена да ја напушти ЕУ без договор на 31 октомври.

– Ние ќе бидеме подготвени да излеземе на 31 октомври – со или без договор. Секако, нашите пријатели и партнери од другата страна на Каналот не покажуваат доволно волја да го променат својот став и тоа е добро, сигурен сум дека ќе го сторат тоа, рече Џонсон.

По повод посетата на Берлин и Париз оваа недела, Џонсон рече дека очекува компромис за „бекстоп”, одредба според која нема да има „тврда” граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот