Џои Бартон не мирува, му ги искрши забите на противнички тренер
Џои Бартон е познат како еден од најпргавите, најподмолните и највоинствените фудбалери, на кого инцидентите не му се непознаница како на фудбалските терени, така и надвор од нив.
Оваа слика не се промени и сега кога одлучи да стави крај на играчката кариера и стана тренер.
Препорачано
Бартон моментно работи како тренер во англискиот третолигаш Флитвуд, но по тоа што му го направи на тренерот на Барнсли, Даниел Штендел по натпреварот, прашање е не само дали ќе остане на клупата на Флитвуд, туку дали воопшто ќе може да ја продолжи тренерската кариера.
– Одвратно е што Флитвуд има тренер кој може физички да нападне друг тренер и да го тепа толку што целото лице му беше облеано во крв. За таквите луѓе нема место во фудбалот – напиша фудбалерот на Барнсли, Коли Вудро на својот твитер-профил.

Веднаш потоа се појавија снимки како Бартон влегува во возило и се обидува да избега од стадионот на Барнсли, меѓутоа беше спречен од полицијата.
https://twitter.com/KLGlcfc/status/1117109768513048576
Истрагата потврди дека Бартон и Штендел имаа вербален дуел за време на натпреварот откако тренерот на Барнсли му дофрли на Бартон дека премногу негодува на судиските одлуки. Расправијата продолжила во тунелот, а кога Штендел му рекол дека е идиот, на Бартон му се стемнило. Бартон веднаш го удрил со глава во лицето, а потоа почнал да го дави пред шокираните фудбалери на двете екипи.
Според „Дејли меил“ постои и снимка од инцидентот која е предадена на полицијата, а тренерот на Барнсли останал без неколку заби.


