Џејмс: Нема да го читам ова „ср*ње“, ќе говорам од срце за Коби! (ВИДЕО)
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс синоќа на домашен терен беа поразени од Блејзерси (119:127), но овој натпревар беше во знакот на Коби Брајант.
Лејкерси играа во својот „Стејплс центар“ после трагичната смрт на еден од најдобрите кошаркари во историјата.
Препорачано
Брајант загина минатата недела во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џиана (13) и уште седум лица.
Тажни песни, поплава од емоции и 20.000 на исто место. Единствените две празни места во салата беа во партер само за Коби и неговата ќерка Џиџи.
LeBron James addresses the crowd before the game and shares touching words about Kobe Bryant. pic.twitter.com/DLjjhC5ALy
— TSN (@TSN_Sports) February 1, 2020
Пред почетокот на дуелот беа одржани говори, а на навивачите им се обрати и еден од најдобрите сегашни играчи на „езерџиите“, Леброн Џејмс.
На почетокот ги прочита имињата на сите загинати, а потоа му беше барано да одржи говор читајќи од парче хартија, но тоа не го направи, туку зборуваше од срце.
– Имам нешто напишано, бараа од мене да одржам говор, но Лејкерс нацијо нема да ви го продавам ова „ср*ње“ и ќе ви говорам од срце. Семејството е секогаш на прво место и додека ве гледам вас во салата гледам сите сме во жалење, повредени сме и скршени ни се срцата. Кога доаѓав во Лејкерси ми зборуваа дека тоа е семејство и во неделата видов тоа е вистина. Ова е навистина семејство и знам дека Коби, Џиана и Ванеса се заблагодаруваат на тоа – рече Леброн, а потоа продолжи:
– Знам дека ќе имаме сеќавање на Коби, но ова е славје за мене. 20 години тренинг, пот, желба, крв и солзи за успех. Вечерва го славиме човекот кој овде дојде со 18 години. Коби ми е брат и додека бев во средно училиште и го гледав, сите битки кои ги водевме на теренот, секогаш сме ја делеле желбата да бидеме најдобри во тоа. Со соиграчите го продолжувам тоа што тој го остави. Ќе играме кошарка, бидејќи тој тоа најмногу го сакаше.


