ЏАБЕ ГЛЕДАВТЕ! Ужасен крај на „Игра на тронови“, фановите побеснеа: Крајот беше целосно БЕСМИСЛЕН!

Фото: Профимедиа

Најгледаната серија на сите времиња „Игра на тронови“, официјално е завршена, а голем број фанови останаа разочарани, пренесува српски Курир. Ниту еден серијал досега не предизвикал олкаво внимание, дебата и расправа, цели осум години се градеше приказна која никого не остави рамнодушен, се создаваа теории, се шпекулираше во куќи, барови, канцеларии, а тогаш креаторите одлучија дека во последната сезона веќе ништо не е важно и да направат крај сличен на бајка од „Дизни“. А сите знаеме дека „Игра на тронови“ е сè освен бајка со розеви решенија и правда која победува!

Сите задоволни, Старкови победија, Брен Скршениот на тронот, Санса кралица на Северот, Џон во Ноќната стража, Арја отпатува „таму каде што мапите на Вестерос завршуваат“. Изгледа дека само обложувалниците веруваа во Брен Старк до крајот и држеа најнизок коефициент.

Фановите се гневни на сценаристите дека сите теории паднаа во вода. Така, на пример, иако се шпекулираше дека Арја Старк ќе ги затвори „зелените очи“, што се предвидуваше во пророштвото на Мелисандра, Џон Сноу беше тој што ѝ пресуди на Даенерис Таргериан – својата голема љубов. На друштвените мрежи овој чин, како и нивниот однос, го каректеризираат како шпанска серија.

После оваа сцена, Дрогон симболично го пали железниот престол, го зема телото на мртвата кралица и си заминува, што гледачите исто негативно го прифатија бидејќи „од каде високата интелигенција на змејот, за која досега не знаевме, бидејќи одлучи да го запали железниот престол за никој веќе да не биде владетел“.

Останаа отворени и многу прашања, меѓу кои се, на пример, која е на крајот врската помеѓу Кралот на ноќта и Брен Старк, зошто на тронот е лик кој ништо не правеше, заради кого се смени Даенерис, зошто е потенцирано дека Џон Сноу е Аегон Таргериан кога на крајот тоа немаше никакво значење и најважно, зошто сите толку избрзаа иако имаа време за сè да завршат како што треба !?

Имаше и такви кои истакнаа дека последната епизода е премногу спора, дека за малку ќе заспиеле и дека серијата во суштина имала преблаг и комерцијален крај, каков што никој не очекувал во однос на целата серија, а дека со ваков крај многу ликови се бесмислени.

Во секој случај, ХБО најавува уште пет серии кои ќе го претстават минатото, така што останува да се надеваме дека можеби во нив ќе се објаснат многуте пропусти од последната сезона.

Како на фановите, така и на глумците им е тешко да прифатат дека после осум години „Играта на тронови“ дефинитивно завршува, а вчера некои од омилените ликови со Емилија Кларк на чело, решија да испратат порака:

„Мајка на змејови е поглавје кое се прошири на целиот мој живот како возрасна личност. Таа жена го освои моето срце. Се потев покрај оган од змеј, ронев солзи со многу членови од нашата фамилија кои нè оставија прерано и го разбивав мозокот пробувајќи да ги испратам достојно Калиси и сите тие неверојатни зборови, дела и имиња кои ми ги имаа доверено. „Игра на тронови“ ме обликуваше како жена, глумец и човечко битие. А сега нашата стража е готова. Мајката на змејови се одјавува и крај“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот