Деветто засилување во Кавадарци: Марио Станковски се врати во ПМФЛ

Фото: ГФК Тиквеш

Прволигашот Тиквеш денес го потврди своето деветто засилување ова лето пред новата сезона во Првата македонска фудбалска лига

Нападот во Кавадарци го засили 23-годишниот Марио Станковски кој потекнува од фудбалската школа на Работнички и мина една сезона во Триглав каде што не се наметна и се враќа во македонското првенство.

Станковски низ кариерата беше дел од Тетекс, Гостивар, Саса и Борец, во 2019 година одигра една полусезона и за Тиквеш.

Пред Станковски во Кавадарци пристигнаа осуммина, меѓу најзвучно е името на екс-македонскиот репрезентативец Даниел Мојсов. Покрај него пристигнаа уште: Марио Гасама, Шиков, Михаилов, Ибиши, Спиркоски, Тодоров и Митков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот