Деведесеттите се нови „Луди Седумдесетти“: „Нетфликс“ со спиноф на познатата серија „That 70’s Show“

луди седумдесетти
Фото: Принтскрин / Instagram

Добредојдовте во новата ера – деведесетти кои силно се манифестираат во оваа 2021 година. Создавачите на легендарната ТВ серија „Луди Седумдесетти“ најавија нов ситком со бесни тинејџери кои се бунат за годините и декадата во која живеат, овој пат во „Луди Деведесетти“.

Новата серија, за која до сега се нарачани 10 епизоди, е соработка на „Нетфликс“ заедно со создавачите на оригиналниот серијал, Бони и Тери Тарнер, и нивната ќерка Линзи Тарнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 22dakika (@22dakikaorg)

Дејствието е сместено дваесетина години подоцна а ќе го водат и двајца од оригиналната постава на актери: Куртвуд Смит, кој го глуми Ред Фроман, и Дебра Џо Руп, која е во улога на неговата сопруга Кити.

„Здраво Висконсин! Ова е 1995 година и Леја Форман, ќерката на Ерик и Дона, е во посета на нејзините баба и дедо за време на летото каде ќе се поврзе со нова генерација на деца од „Point Place“ под надзор на внимателната Кити и осудувачкото „зјапање“ на Ред. Секс, дрога и рокенрол никогаш не умира, само ја менува својата облека“, се вели во официјалното известување.

„Луди Седумдесетти“ одеше во осум сезони од 1998 до 2006 година на „Fox“, во која групата тинејџери Ерик, Џеки, Келсо, Дона, Стивен и Фез се дружеа, забавуваа, и го осознаваа животот и неговото значење преку заеднички дискусии во подрумот на Ред.

По неа следеше кратката „Луди Осумдесетти“, која иако директно не ја наследуваше приказната сепак влечеше влијание од серијата за седумдесеттите.

Еден од највпечатливите актери кои се појавуваа во серијата беше Тања Робертс, која почина во јануари оваа година на 65-годишна возраст, а освен улогата на мајката на Дона, Миџ Пичоти, ја препознававме по тоа што беше Бонд девојка („A View To A Kill“) и една од оригиналните Чарлиеви Ангели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by L 🪄🦕 (@maslayny)

Видео на денот