Детали за смртта на актерката Наја Ривера: „Го спасила синот, но не и себе“

Фото: Инстаграм

Длабочината на водата каде што е пронајдена Наја е меѓу 10 и 18 метри и таму имало многу дрвја. Нема знаци за насилна смрт ниту самоубиство. Со Наја тој ден на бродот бил и нејзиниот син Хосе.

По шестдневната потрага полицијата го пронајде телото на актерката Наја Ривера, попозната по улогата во серијата „Glee“. Во понеделникот наутро беше пронајдено тело во езерото Пиру во Јужна Калифорнија, но властите вчера не изнесуваа никакви детали.

Фото: Инстаграм

– Врз основа на местото на кое е пронајдено телото, физичките карактеристики на телото, облеката пронајдена на телото и физичката состојба, земјаќи ја во предвид и пријавата за исчезнување на личност на тој предел, потврдуваме дека телото кое го пронајдовме е Наја Ривера. Пронајдена е на североисточниот дел од езерото, во близина на површината на водата, изјави шерифот Бил Ејуб.

Сега, сепак, ги открија и деталите за смртта. Длабочината на водата каде ја пронајдовме Наја е меѓу 10 и 18 метри и таму има многу дрва, вели полицијата.

– Нема назнаки за насилна смрт, ниту самоубиство, изјави шерифот.

Со Наја тој ден на чамецот бил и нејзиниот син Хосе (4), а полицијата има претпоставка како дошло до смртта.

Фото: Инстаграм

– Мислиме дека чамецот започнал да плови, а не бил усидрен и таа едвај собрала доволно енергија да го врати синот во чамецот, но немала доволно сила да се спаси себе, изјавија од полицијата.

Наја исчезна на 8-ми јули, а пронајдена е на 13. На истиот датум пред седум години почина и колегата на Наја од серијата „Glee“ Кори Монтеит по предозирање во хотелската соба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот