Љупчо Коцевски/фото Слободен Печат/слободан Ѓуриќ

Десетина приведени од УЈП за поткуп и злоупотреби поврзани со кочанската трагедија

Десетина вработени во Управата за јавни приходи се приведени во постапка што ја води кочанското обвинителство за злоупотреба на службената положба и овластувања и за примање поткуп, потврди републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Меѓу уапсените неофицијално е и братот на В.Д., претседателката Кривичниот суд Даниела Димовска, чија комуникација со синот на газдата на дискотеката „Пулс“ каде што се случи трагедијата, беше објавена.

-Јавноста беше запознаена дека се водеше предистражна постапка за лица кои беа вработени во Управата за јавни приходи а поврзани со кочанскиот предмет. Во текот на минатиот ден и денска се преземаат одредени дејствија. Денеска се приведени околу десетина лица и во моментот се вршат претреси на одредени локации. На лицата кои се опфатени во кривичната пријава за кои само можам да кажам дека се лица вработени во УЈП. За кривични дела допрва ќе видиме, но првичните сознанија се за дела злоупотреба на службена положба и овластување и примање и давање мито – рече Коцевски.

Предметот го води кочанското обвинителство, а Коцевски објаснува дека овој предмет нема да се спои со главниот предмет односно актуелното судење за Кочани, бидејќи во него обвинетите се товарат за смртта на младите, додека овие се товарат за коруптивни дела.

-Овој предмет не може да се спои со сегашниот кочански предмет затоа што овде не е поврзаноста со штетната последица односно смрт, ова се кривични дела за злоупотреба давање и примање поткуп што нема врска со овој кривично правен настан со предметот што е во тек – вели Коцевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот