Десет алкални намирници за здравје на целото тело

Фото Профимедиа

Алкалната исхрана е една од најздравите, особено кога во телото постојат бактериски инфекции кои треба да се излечат.

Поборник за ваква исхрана е и моделот Ел Макферсон, која и во 54-та година од својот живот изгледа како млада девојка.

Ова се 10 намирници кои се постојано на нејзиното дневно мени:

Банани – поради тоа што помагаат при доброто варење и штитат од рак на дебелото црево.

Карфиол – содржи витамини А, Б и Ц, кои го штитат нервниот систем и спречуваат таложење на холестерол во црниот дроб.

Диња – штити од малигни заболувања благодарение на растителните влакна, каротенот, фолната киселина и витаминот Ц.

Грозје – богато со калциум, магнезиум, калиум и фосфор, кои се потребни за здрави коски.

Краставица – зеленчук кој ги чисти токсините од телото и го ослободува од слободни радикали, а во исто време и е нискокалорично.

Киноа – житарица богата со фосфор, железо, калциум, влакна и витамин Б, за подобар метаболизам.

Блитва – листест зеленчук кој изобилува со витамини К, А и Е, натриум, магнезиум, калциум и железо, кои ви ги зацврстуваат забите и коските.

Лимон – во телото, лимонот создава базна средина, која ве штити од рак, мозочен удар и недостаток од витамини.

Босилек – прекрасен зачин кој го намалува штетниот ефект на стресот врз вашето тело, а помага и против болки.

Авокадо – го намалува лошиот холестерол и го подобрува варењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот