Депај не се откажува од трансфер во Барселона

фото: твитер

Мемфис Депај откри дека поради „одредени правила“ не можеше да се пресели во каталонскиот гигант од редовите на Лион.

Иако се пишуваше дека уште во септември ги договори личните услови со Барселона, холандскиот интернационалец остана во францускиот клуб.

– Бев блиску. Не би влегувал во детали, но одредени правила го спречија мојот трансфер. Верувам дека сè се случува со причина.

Сега повторно во целост сум посветен на Лион. Ќе видиме како ќе се развиваат нештата. Доколку играм добро како до сега, можеби и натаму ќе постои интересот од Барсарече Депај.

И претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола беше подготвен да го продаде Депај на тимот од „Камп Ноу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот