Ола: Имаме договор со нив, Депај сака да игра за Барса!

фото: твитер

Каталонскиот гигант во самата завршница од преодниот рок се обиде да ангажира засилувања за новата сезона, една од желбите беше Мемфис Депај, но неуспешно.

Особено тренерот на Барселона, Роналд Куман побара до управата на клубот да го обезбеди потписот на напаѓачот на Лион, на крајот немаше реализација на трансфер.

Но, како што информира претседателот на францускиот клуб, Жан-Мишел Ола, Депај во јануари ќе се пресели во редовите на Барса.

Познати се трансферите кои не се реализираа во последните моменти од преодниот рок, очекувано најлошо помина Барселона

– Мемфис е разочаран, но не поради нас, туку поради Барселона. Бартомеу ми рече дека не знае што сè може да се случи. Мемфис беше подготвен на многу „жртвувања“ само за да оди во тој клуб и ќе направи сè за во јануари да се пресели во Барселона. Помага и тоа што имаме договор со нив – се зборовите на Ола.

Депај (26), холандскиот напаѓач од 2017 година ги брани боите на Лион, со до сега запишани 108 натпревари и 47 голови. Претходно во кариерата беше дел уште од ПСВ Ајндховен и Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот