Денот кога Македонија славеше над Белорусија со мајсториите на Пандев и Спировски! (ВИДЕО)

фото: ffm.mk

На овој контролен меч Дарко Чурлинов стана најмладиот репрезентативец во нашата А репрезентација со 16 години и осум месеци.

На денешен ден 28 март 2017 година најдобрата македонска фудбалска репрезентација триумфираше во пријателски натпревар против селекцијата на Белорусија со 3:0.

Стефан Спировски, играчот на израелскиот клуб Хапоел Тел Авив, постигна еден прекрасен гол за водство во 40. минута.

Потоа, следуваа двата гола на Горан Пандев во 61 и во 70 минута. Најпрвин на капитенот му асистираше Тричковски, а за вториот гол асистент беше Алиоски.

Воедно на овој контролен меч Дарко Чурлинов стана најмладиот репрезентативец во нашата А репрезентација со 16 години и осум месеци.

Селекторот Игор Ангеловски му даде шанса за настап од 82 минута кога влезе во игра на местото на Езгјан Алиоски.

Моментно поради епидемијата на коронавирусот, многу спортски натпреварувања се одложени, прекинати, а помеѓу нив и фудбалскиот меч против Косово во полуфиналето од УЕФА Лигата на нации за пласман на ЕП.

Како што најавија од Фудбалската федерација на Македонија, 4 јуни е новиот датум на одигрување на овој натпревар, а финалето е на 9 јуни во Грузија или Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот