Дени Мусовски му останува верен на Сиетл – потпиша нов договор
Македонскиот напаѓач Дени Мусовски ја продолжи соработката со Сиетл Саундерс, откако потпиша нов договор со клубот од Сиетл. Според договорот, Мусовски ќе остане во тимот до сезоната 2027/28, со можност соработката да биде продолжена за уште една година.
Препорачано
Фудбалерот, кој се очекува да се најде на списокот на селекторот Гоце Седлоски за претстојните натпревари на македонската репрезентација, имаше одлична мината сезона во МЛС. Тој тогаш постигна 16 погодоци, додека во новата сезона, која штотуку започна, досега има три настапи на кои влезе од клупата за резерви.
Кариерата на Мусовски во САД започна во редовите на Сан Хозе Ертквејкс, по што настапуваше и за Рено 1868, Лос Анџелес и Реал Солт Лејк. Во Сиетл Саундерс пристигна во февруари 2024 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8час
-
9час
-
11час
-
12час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


