Денеска жрепка во Хамбург за Европското првенство 2024, можна е балканска група

фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Денеска од 18.00 часот во Хамбург, Германија, ќе се одржи жрепката за групите на Европското фудбалско првенство следната година.

Континенталниот собир ќе се организира од 14 јуни до 14 јули 2024 година во 10 градови: Берлин, Минхен, Дортмунд, Штутгарт, Гелзенкирхен, Франкфурт, Хамбург, Дизелдорф, Келн и Лајпциг.

Првиот натпревар ќе се игра во Минхен на „Алијанц арената“, а финалето на Олимпискиот стадион во Берлин.

Пред жрепката, репрезентациите се наоѓаат во четири шешири, и можно е да се извлече балканска група.

Познати се досега 21 селекција која ќе партицира на Евро 2024, а останатите три ќе се дознаат по плеј-офот во Лигата на нации.

Прв шешир: Германија, Португалија, Франција, Шпанија, Белгија, Англија

Втор шешир: Унгарија, Турција, Романија, Данска, Албанија, Австрија

Трет шешир: Холандија, Шкотска, Хрватска, Словенија, Словачка, Чешка

Четврти шешир: Италија, Србија, Швајцарија, три плеј-оф победници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот