Денеска е „тажен понеделник“, најдепресивниот ден во годината: Еве како да го преживеете

Фото: Pexels

Третиот понеделник во јануари, таканаречениот „син понеделник“ (blue monday) се смета за најдепресивен ден во годината, пишува „Национална фотографија“.

Празниците завршија, паричниците се празни, повеќето вработени се вратија на работа, зимските денови се кратки и мракот паѓа веќе околу пет часот попладне, а резултатот е меланхолија која со својата тежина паѓа на третиот понеделник во јануари.

Фото: Пиксабеј

Шеснаесетти јануари е денот кој најмногу би сакале да го преспиеме, бидејќи токму тој ден на „наплата“ доаѓаат сите натрупани долгови и неисполнети ветувања кои непромислено си ги дадовме себеси и на другите и кога повеќето луѓе сфаќаат дека не се во можност да ги спроведат во дело новогодишните одлуки како, на пример, – ќе се откажам од цигарите, ќе ослабам, ќе најдам дополнителна работа…

Како што наведуваат, тажниот понеделник е утврден пред 17 години кога психологот Клиф Арнал го објаснил со неколку работи: времето е обично лошо иако деновите се подолги, празниците завршиле и сите главно се вратиле на работа, банкарските сметки се испразнети, а повеќето веќе се свесни дека нема да можат да ги исполнат своите новогодишни одлуки.

Сè заедно, сметаат психолозите, резултира со тага и ниско ниво на мотивација.

Фото: Профимедиа

Психолозите препорачуваат, како што велат, најдобар начин да се ослободите од негативните чувства е да поминувате време со пријателите и семејството, како и некоја физичка активност.

Иако ви изгледа невозможно, најдете три работи во животот на кои треба да се радувате. Психолозите дури советуваат да ги запишете на хартија и да ги погледнете секогаш кога ќе почувствувате дека вашето расположение не е на посакуваното ниво.

Ако сте депресивни или тажни, најлошото нешто што можете да го направите е да бидете сами. Затоа, поканете ги вашите добри пријатели, роднини, момче, девојка… и излезете!

Депресија кај младите
Млади илустрација / Фото: EPA-EFE/MARCO DE SWART

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот