ДЕНЕС ЌЕ Ѝ БЕШЕ РОДЕНДЕН: Детали од потресните исповеди на непрежалената принцеза

Често се прашувала зошто кралицата ја одобрува токму неа како сопруга за Чарлс

На 1 јули ќе ѝ беше роденден на трагично загинатата и никогаш заборавена принцеза Дијана. Денеска ќе наполнеше 58 години.

Една британска новинарка се сетила на својот разговор со тогаш идната сопруга на принцот Чарлс, за која се верувало дека еден ден ќе стане кралица. Таа се сеќава дека уште пред да се омажи за Чарлс, Дијана била под постојан стрес поради животот кој ја чека понатаму.

За нејзе, идната принцеза открила дека она што го чита во медиумите е вистинска лудост и дека никој не ја подготвил за стресот и изложеноста кога е во врска со член на кралското семејство. Признала и дека многупати им се извинувала на своите соседи, затоа што папараците ја прогонувале во близина на нејзиниот дом.

Дијана била уверена дека кралското семејство ја сака само затоа што била девица, алудирајќи на нејзината сестра Сара, која во минатото излегла неколкупати со Чарлс, но која имала секс пред бракот.

Новинарите постојано се обидувале да ископаат некои скокотливи детали за неа, а особено во очи и паднала статијата дека една ноќ се сретнала во кралскиот воз.

„Јас никогаш не сум била во кралскиот воз“, изјавила Дијана, а подоцна дознала дека таа вечер принцот бил со Камила Паркер Боулс, која му е сопруга и денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот