Ден на национална жалост во Русија: Во терористичкиот напад загинаа најмалку 133 лица, 152 се повредени вклучително и деца

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Претседателот на Русија Владимир Путин прогласи ден на национална жалост во Русија, поради жртвите во терористичкиот напад во концертната сала Крокус во Москва.

Го прогласувам 24 март за ден на национална жалост, рече тој во вчерашното обраќање за граѓаните.

Во терористичкиот напад на трговскиот центар Крокус во Москва во петокот вечерта загинаа 133 лица додека според ажурираните податоци на руското Министерство за вонредни ситуации за московската област, бројот на повредени во терористичкиот напад кој се случи во концертната сала Крокус порасна на 152 лица од кои 114 се хоспитализирани.

Федералната служба за безбедност на Русија вчера соопшти дека во врска со терористичкиот напад се приведени 11 лица, меѓу кои и четворица кои директно учествувале во терористичкиот напад.

Оттаму додадоа дека оружјето што го користеле напаѓачите во Крокус било однапред подготвено и скриено, а дека напаѓачите потоа се обиделе да избегаат со автомобил, движејќи се кон руско украинската граница. Тие се приведени во Брњанската област, за неколку часа. Имале намера да ја поминат границата и да преминат во Украина. Министерството за внатрешни работи на Русија подоцна ги демантираше информациите дека се уапсени руски државјани, истакнувајќи дека сите се странски државјани. Одговорноста за нападот ја презема Исламска држава, но официјална Москва не ги коментираше тие информации.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот