Демократија или диктатура, за што сме?!

Никогаш ВМРО-ДПМНЕ немал политички проект за ослободување на човекот и негова еманципација. Тие (читај, опозицијата!) единствено нешто кое го знаат во политичкото поле е по цел ден совршено глупаво да повторуваат досадни флоскули: „Ние сме Македонци, ние сме Македонци, ние сме Македоници“. Црвен бан се Македонци! Човек што секоја ден во животот – и во политика – гради стратегии „јас сум Македонец“, таквиот најчесто врска нема што е, а најчесто и нема.

Не ми се допаѓа, почитувани читатели, кога некој човек од опозицијата ќе ми пријде, а ми приоаѓаат луѓе во последно време многу често (којзнае зошто е тоа така?), и ќе ми рече: „зошто веднаш и ‘на прва’ пукаш во опозицискиот табор“? За да не влегувам во полемики и дебати „во од“, дозволете ми да се распостелам со некои аргументации за кои верувам дека ќе бидат соодветни.

Да се биде денес во оваа земја опозиција не е никаков вредносен суд. Кога некој ќе рече „јас сум опозиционер“, тоа априори не значи ништо; тоа не значи дека си добар, паметен, способен. Може опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ да биде против Заев, може да биде против СДСМ, ама не може и не смее да биде против државата. Што значи, не може, а да не ги поддржува договорите од Преспа и Бугарија, не може а да не го поддржува НАТО. Во тие договори, нашата држава е конституирана, во тие темели се наоѓа конститутивноста на државата – се разбира дека тука е и Уставот – но, сепак, не можете вие на решени билатерални договори да изигрувате шерифи и мудреци. Тие договори мораше опозицијата да ги поддржи и затоа денес е нерелевантна во политичкото поле.

Договорот од Преспа, договорот со Бугарија, тоа не се лесни работи, ниту со тие договори пристоен опозиционер што има свест за државноста не може неодговорно да се однесува.

Прочитајте и...  Уште мандатот недоделен, чаршијата стокми две влади!

Друга работа која е важна за опозицијата. Не е организирана како СДСМ, има проблем да го дефинира својот конзервативизам и своето „десно“. А тоа може да го дефинира преку „уставниот институционализам“ и патот кон Европа. Не дај боже, може да го читаат и Петар Слотердајк, може да пофатат и некои концепти на Стив Банон, бившиот советник на Трамп. Ама не можете вие да бидете опозиција така што ќе удирате само на Заев. Таа стратегија е толку глупава, што станува смешна. Замисли сега, тој човек ви решава тридецениски спор, го неутрализира сето насилство, а вие урлате: Заев, Заев, Заев. На еден симболичен удар кон Заев, тој добива стотина нови поддржувачи. Како може да се толку непромислени?

Трета работа, ако се вистински опозиционери – што значи дека тоа се некои луѓе кои може политички да промислуваат – треба да научат дека не може Заев да го добијат, бидејќи околу нив (читај, опозицијата!) „татне“ од несреќа. „Каква сега несреќа, црни Ненаде“, ќе рече некој. Полека, не трчајте пред коњот, сега ќе ви кажам. Несреќата, едноставно, ги намалува критериумите, на ист принцип како што материјалната сиромаштија ја сиромаши личноста, дури може да го претумбам овој заклучок, и може вака да го преформулирам: сиромаштијата на личноста е последица на сите негови сиромаштии.

Прочитајте и...  Заев: Никогаш да не се заборави и никогаш да не се повтори трагедијата од Стајковци

Никогаш ВМРО-ДПМНЕ немал политички проект за ослободување на човекот и негова еманципација. Тие (читај, опозицијата!) единствено нешто кое го знаат во политичкото поле е по цел ден совршено глупаво да повторуваат досадни флоскули: „Ние сме Македонци, ние сме Македонци, ние сме Македоници“. Црвен бан се Македонци! Човек што секоја ден во животот – и во политика – гради стратегии „јас сум Македонец“, таквиот најчесто врска нема што е, а најчесто и нема. Тракторите во Кавадарци, од друга страна, не работат на етнички предзнак, туку на бензин, ако ме разбирате што сакам да кажам.

Но, да се вратиме на сериозни работи, почитувани читатели. Денес сме исправени пред неколку важни испити. Или ќе ја прифатиме надежта, просперитетот, квалитетот на нашиот живот, па дури и ако сакате ќе ја прифатиме и љубовта и демократијата, или ќе се враќаме во минатото на поделби, насилства и линч. Нема друго, а не може да има друго, бидејќи, ако имаше друго, таквиот свет некој досега ќе го создадеше.

СДСМ денес се грижи за сите, притоа тоа не е никаква флоскула – има пробив во реалноста, ќе коалицира и со ново албанско мнозинство, ја намалува социјалната разлика, инклузивна е, слободна е, воведе плуралност, овозможи дебата, влеговме во НАТО, во септември почнуваме директни преговори со Европската Унија.

Прочитајте и...  Мицкоски и Ахмети на средба во Собранието

И добро, зошто нам ни е тоа важно, некој ќе праша, гледајќи ги денешните анкети меѓу политичките субјекти? Па, важно е, пријатели, затоа што гледате дека во светот прогресираа диктатурите, прогресира самоволието на еден човек. Зоран Заев е обратно од сето тоа, Македонија ако сакате, нуди надеж, се создава простор за вистинско функционирање на институциите. Притоа, на овие избори победник е веќе одлучен. Ќе биде повторно старо-новиот премиер, тој пак, старо-нов премиер има своја политичка тежина. Таа политичка тежина се мери според тоа колку ќе го разбере и сфати јавниот интерес на својата земја, и ние него ќе го мериме и според тоа колку ќе го штити јавниот интерес од оние сили кои ќе се обидат да го загрозат.

Ние Заев во новиот мандат ќе го мериме единствено според таа методологија. А тој е сосема свесен дека под јавен интерес се подразбираат неколку работи: однос кон насилството – штитење и чување на граѓаните; транспарентност и отчетност; инклузивност; антифашизам; антинационализам; плуралност и дебата…

Ако овие работи ни ги удоволи Заев во следниот четиригодишен мандат, Македонија може да биде Британија, а не пресушена тиква извадена на ветромет. Или да бидам уште попрецизен: демократските и антидемократските политички организации никогаш вистински не се на иста страна и за тоа постојат предобри и предлабоки аргументи.

Прочитај повеќе

ДУИ не се римува со опозиција

Срѓан Ивановиќ

Старите пајташи повторно ќе јаваат заедно или уште еден пукнат балон?

Џабир Дерала

Уште само струјата фалеше да поскапи

Весна Дамчевска

Едно општество за сите, ама за сите!

Џабир Дерала

Грешки на автопатот Кичево-Охрид

Мицкоски се извини и други приказни за мали деца

Џабир Дерала

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Правната држава на отстрел

Ивица Челиковиќ

Доктор Џекил и мистер Хајд

Ненад Јовановиќ

Театри, протоколи и стапица

Жанета Скерлев

Ковид-19, Скопје 2014 и колежот на мозочните неврони

Мирослав Грчев

Спонзорирано од Сашо Мијалков

Срѓан Ивановиќ

Универзална сала е интимност на скопјани, а не политика