Деми Ловато: Случајно ослабев, мирна сум

Instagram
Instagram

Пејачката Деми Ловато проговори за проблемите што ги имала со вишокот килограми во последните неколку години и призна дека успеала да ослабе во последните месеци, иако воопшто не се трудела и не внимавала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

Иако вели дека последното слабеење е резултат на тоа што е „многу почиста психички“, пејачката признава дека нејзината „врска“ со храната и вежбање не била отсекогаш нормална и здрава.

„Претходно знаев дека кога ќе јадам нешто, веднаш трчав во теретана. Тоа не е среќа и тоа не е слобода“, рече таа во неодамнешното интервју.

Со цел да се постигне поздрав режим на вежбање, Деми се одморила од бројните ангажмани и се посветила на здравјето и приватниот живот.

„Ако бев во хотелска соба навечер, ќе ми го земеа телефонот за да не можам да нарачам храна па дури и ако имаше само овошје во собата, за да не внесувам дополнителен шеќер. Опасно е да се контролира оваа желба за храна, ако таа личност се опоравува од нарушување во исхраната“, сподели Деми во емисијата на Елен Деџенерис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот