скопје блокирано протест приватни автобуси превозници (7)
Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Делумната деблокада на приватните превозници, според СДСМ не е решение

Делумно повлекување на блокадата во главниот град не значи и решение за колапсот на јавниот превоз во Скопје кој го создаде неспособната ВМРО-ДПМНЕ, реагира СДСМ, откако приватните превозници најавија дека ќе остане блокадата на Илинденска, но не и кај Мавровка и кај Црвен Крст.

Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го созададоа и да го ослободат и Скопје и државата од блокади и хаос, напоменуваат од СДСМ. Градоначалничката, претседателот на Светот, мнозинството во Советот на Град Скопје, директорите и членовите на управните одбори на јавните претпријатија во Скопје сите се кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Нека седнат и нека работат, да најдат решение за колапсот на сообраќајот во Скопје. Доста беше изживување врз граѓаните“, стои во реакцијата на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот