Дела од првото издание на фестивалот „Зрно“ ќе бидат претставени во КИЦ

Во Културно-информативниот центар во Скопје, на 9 август, во 20 часот, ќе биде отворена изложба на дел од делата настанати на првото издание на Меѓународниот фестивал на алтернативна фотографија „Зрно“.

На работилниците за алтернативна фотографија, на фестивалот „Зрно“ што се одржаа во периодот од 6 до 10 јули, на Матка крај Скопје, под мотото „Да растеме заедно!“ од предавачите и учесниците од регионов, се создаде првата заедница на триесетина љубители на алтернативната фотографија.

– Изложбата е од ревијален карактер и на неа може да се види игривиот дух полн со експериментирања на различните благородни фотографски техники, кој провејуваше за време на одржувањето на работилниците – истакнуваат од „Зрно“.

Цијанотипија со портрети на учесниците и менторите на „Зрно 2022“

Водители на работилниците беа: Предраг Узелац и Ивана Томановиќ од Србија; Милош Звицер и Дејан Калезиќ од Црна Гора; Кети Талевска-Бакревска, Викторија Мачковска и Сашо Алушевски, од Македонија. Најголемиот број учесници беа од Македонија, но имаше учесници и од Босна и Херцеговина и Србија.

Мисијата на „Зрно“ е да поттикнува млади (по дух) автори и авторки, да се впуштат во едно посериозно третирање на фотографијата, да направи заедница базирана на соработка помеѓу љубителите на алтернативната фотографија во светот. Да понуди можности за соработка помеѓу алтернативните фотографи, институциите и академиите за уметност, на алтернативен начин. Да се поттикне играта како основен предуслов за учење. Да насмее, да израдува.

Фестивалот „Зрно“ е поддржан од Министерството за култура, „Нетсетера“ – Скопје и „Скопско Смут“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот